„Без никого да удриш“ во живо – Концерт на Алембик во МКЦ, 11.06.2026

Со многу радост ја најавуваме концертната изведба на нашиот втор албум на 11ти јуни, четврток во Денсинг салата на МКЦ.
На концертот ќе можете да го купите винил изданието на албумот во продукција на @mrtov_konj и @rakamakafon.eu
и да ја гледате премиерата на документарниот филм за процесот зад овој концерт и албум во режија на @teonaaah
Влезниците се во продажба само на mktickets.mk по цена од 300 ден. а ќе можете да ги купите и пред самиот концерт на билетарницата на мкц кога ќе чинат 400 ден.
Огромна благодарност до сите кои го правеа овој албум и концерт со нас.
Алембик се:
Ива Дамјановски -теремин, клавијатури, вокал
Виктор Танасковски – електрични и акустични гитари, кларинет и вокал
Филип Ефински – електрична гитара
Андреа Мирческа -бас гитара
Драган Теодосиев – тапани и перкусии
Лила Мирчевска и Александра Арсовска – пратечки вокали
Раде Биковски – продукција
Теона Христовска – режија на филмчето
@natas_ah и @simon_gegaj – камера на филмчето
Елена Билбилоска – костимографија
Леон Тенев – визуелизации и мерч
Ања Дамјановски – автор на спотот на милосрдие
Љубен Трајковски – мерч
Благодарности до Наде Банишка и Марко Печеновиќ за поддршката и being the best label ever
Автор на плакатот е Марко Печеновиќ, а на фотографијата Игор Аврамоски