Во пресрет на концертната промоција на нивниот нов албум „Без никого да удриш“, разговаравме со Ива Дамјановски и Виктор Танасковски од „Алембик“, пред нивната проба, за музиката како јазик, за односот со публиката и за постојаната потреба да се истражуваат нови идеи.
Пред штимувањето на инструментите и првиот отсвирен тон – пред да започнат со пробата – се најдовме со скопското музичко дуо „Алембик“, еден од младите бендови што денес ја обликуваат македонската сцена.
Пред проба со бендот „Алембик“: Како звучи една песна што треба да биде под вода?