2. Ширшаја

„Ширшаја“ се Влатко Митревски – Зајче, Благојче Пенов – Пенчо, Андреј Коларовски и Дарко Димоски. Истоимениот прв албум го објавија во ноември минатата година, а бендот постои веќе речиси три години. Звукот на Ширшаја е revival и директно надоврзување на македонскиот пост панк и дарквејв од 80тите. Текстовите се на Влатко Митревски, кој проектот најпрво го почнува под името “Урсула ле Гвин”, за неколку години подоцна бендот да се реши за ова име, збор кој значи „поширока од небесата“ и се користи за конкретниот фрескописен приказ на Богродица со раширени раце. Ширшаја е првата песна од овој албум, на која гостуваат Ади Имери, Калина Велковска и Ива Дамјановски.