Теа Шалдева е музичарка, диџејка и продуцентка од Скопје. Членувала во бендовите Etaoin Shrdlu, ПМГ и Александар Велики. Под псевдонимот „Галатеа“, своето прво издание го објавува во 2010 година и претставува омаж на Баухаусовата трака „All we ever wanted was everything“. Со неколку синглови пред неговото издавање, нејзиниот деби албум „Метропол“ е објавен во 2017 година, а со свои траки Шалдева е присутна и на компилациите „Некои девојки“, „Од другата страна“, „Градот ме тера да пеам“ и др. Како дел од дуото DJ Magija со Андреа Салпе го издава ЕП-то Залез, и „Dawn“, а со Лепи Џони во 2022 ЕП-то „Полн Месец“. Нејзината трака „Десет“ добива и свој видео запис, продуциран како дел од Паратисима во режија на Бојан Кртолица од студио БАИКА во соработка со Ѓорѓи Клинчарот. „Децата“, како невообичаена и медитативна трака е издадена како посебен сингл под label-от на PMG Tanz Digital, каде има свои ремикс верзии од Душко Јаневски, Барумбарум и Димитра. Шалдева е и креаторот и водител на подкастот „UnderSkopje“ кој се емитува еднаш месечно на Грузиското алтернативно радио Mutant, кое е посветено на скопската андерграунд музичка сцена и нејзина промоција. За одбележување на јубилејни 10 години од нејзиното прво издание во 2023 ја издава компилацијата „10 години љубов“ на која се застапени голем број актуелни македонски музичари и бендови со свои верзии на нејзините песни.