Зулу 3.4 е инструментален фјужн џез состав од Скопје составен од Дамјан Даневски на тапани, Мартин Џорлев на клавијатури и Марио Симоновски на гитара. Бендот се формира во 2018та година и нивниот прв албум FM to АM е објавен во 2019та година. Оттогаш ги објавуваат и албумите Expendability и Fragments, EП-то Авантурите на Марк за потребите на кулинарското шоу со исто име и ЕП-то 8бит составено од 8бит верзии на нивни веќе издадени песни Имаат настапувано на огромен број фестивали и музички програми меѓу кои: Синестетика, Скопје Џез Фестивал, Pin Conference и др. а како финалисти на HEMI од Македонија во 2022 настапуваат и на Athens Music Week и Exit. Истата година триото ја добива наградата за најдобри џез музичари. Во моментов се наоѓаме во Inclusive Music, музичко училиште основано од Дамјан Даневски кое има за цел да биде едукативен простор подеднакво достапен за деца со типичен и атипичен развој.