1. Не

Марко Печеновиќ е уметник, сликар, графичар, музичар, басист, гитарист, вокал, поет итн. роден 2001 во Скопје. Дел од бендовите „Харакири“, порано и „Cut Your Nipple“ ; истотака еден од основачите и веројатно главна движечка сила позади колективот „Гола Планина“ и издаваштвото „Мртов Коњ“. Организатор е на голем број настани со „Гола Планина“ меѓу кои и фестивалите „Сепак се врти“, „Децата на крајот на светот“ и многу други настани. „Иш и јас“ е негов прв соло проект, а под овој псевдоним лани го извади и своето прво EP насловено „Промаја“. Во денешната епизода ќе зборуваме за неговата песна „Не.“