3. Унери

Андреј Татарчевски студира на Природно-математичкиот Факултет на Институтот за Етнологија и Антропологија. Автор е на неколку рецензии, односно трудови во оваа област, меѓу кои и „Перса и Шупак, едиција: Живите легенди на Скопје“ објавен во 2019-та, во коавторство со Ана Ашталковска Гајтаноска. Како дете учи виолина, а свири и клавир и гитара. Неговиот прв албум е објавен под името “Cycle 1”, а неговиот втор албум „Исечоци“ излегува годинава. Кавер артот на албумот е на Ангела Здравковска, а песната „Унери“, или „Чуда“ која се наоѓа при крајот на самиот албум е акустична психоделична трака која потсеќа на мешавина од соло албумите на Сид Берет и траките од Mojave 3 каде пее Нил Халстед.