3. Сино-сиво

Калико е алт-поп-блуз-рок бенд од Скопје, во состав:

Ана Томовска – вокал и гитара
Леон Тенев – гитара
Александар Коцевски – бас
Горазд Митревски – тапани

Бендот е формиран во 2024, а до сега имаат реализирано повеќе настапи од кои последниот во склоп на караван-фестивалот Сепак се врти, поконкретно во Прилеп. Моментално работат на деби албумот, а ние денес ќе зборуваме, меѓу другото, за нивниот прв сингл Сино-сиво, кој излезе во Мај годинава.