Корка е петочлен гранџ-ноиз-рок бенд од Кочани, составен од Ненад Стојанов, Давид Лазаров, Анастасија Стоименовска, Борис Медарски и Викторија Петрова.
Нивното прво, истоимено ЕP излезе во Мај годинава и ја имаше својата концертна промоција во Ла Кања. Пред тоа ги имаат извадено Пикник во Валандово и Врева кои како и EP-то се самостојно продуцирани и имаат и свои видео записи.
Корка веќе имаат настапувано повеќе пати и меѓу нивните настапи се вбројувааат концертите во Белград во КЦ Жива заедно со бендот Chambre des~sourds, како и фестивалот Сепак се врти во Скопје.