6. За дружење

IVL е ноиз трио од Скопје во состав Васил Јорданов, Лила Мирчевска и Ива Дамјановски.

Формирани се на почетокот на 2025 како Throbbing Gristle трибјут бенд и продолжение на проектот на Васил – ШУМ, а до сега имаат реализирано повеќе настапи меѓу кои фестивалот Сепак се врти во Куманово и Васил фест во Буква.

Албумот „…и за работа и за дружење“ излезе во Декември 2025 со слушачко-свирачка промоција во Кинотека како жив саундтрак врз проекција на архивски филмови од архивата на Кинотека; настанот беше реализиран како дел од нивната програма.