Театарска претстава ФИЗИКА НА РАДОСТА

Премиера на театарската претстава „ФИЗИКА НА РАДОСТА“ на Театар Пи, 09 јуни 2026, 19:00 ч Центар за култура Ѓорче Петров.
Билети можете да купите на следниов линк
https://tix.mk/…/340/fizika-na-radosta-teatarska-pretstava
Претставата го преиспитува човекот како суштество составено од туѓи сеќавања, недоизговорени приказни, тишини, стравови и нежности – елементи кои секој од нас ги носи низ животот како свој личен лавиринт.
Проектот „Физика на радоста“ е директно инспириран од книжевниот свет на познатиот роман „Физика на тагата“ нa Георги Господинов. Претставата тргнува од идејата дека секој од нас во себе носи едно дете, едно чудовиште и една напуштена соба која долго време никој не ја отворил.
Во овој визуелно театарски концепт, митскиот Минотаур не е претставен како чудовиште, туку како длабок симбол на невидливото, отфрленото и несфатеното во општеството, додека самиот лавиринт не е само физички простор, туку внатрешна состојба на човекот.
Она што ја прави оваа претстава исклучително значајна е нејзиниот инклузивен карактер. Креативниот процес и самите дела се создадени од лица со типичен и атипичен развој од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост (ЦПЛИП) „Порака“ – Скопје, заедно со членовите на „Театар Пи“. Претставата функционира како заеднички простор изграден врз доверба, различност и емпатија.
Автор на текстот е Златко Митрески. Режијата е исто така на Златко Митрески и на Македонка Митреска Илиевска. Музиката е дело на бендот Алембик и Дино Рамо. Костими и шминка Сандра Миовска.
„Кога тагата конечно ќе се измери, на другата страна од кантарот останува радоста. Повелете да ја измерите со свои очи“, порачуваат организаторите, поканувајќи ја скопската публика да го посети овој настан.
Date
Jun 09 2026
Expired!
Time
19:00 - 20:30
Cost
250.00
More Info
Tickets
Location
Центар за култура Ѓорче Петров
https://maps.app.goo.gl/nnHTBhH6EbPQq9W58
Organizer
Театар Пи