Големата Вода се Јован Ристовски, Лука Петковиќ, Симон Стојчевски и Никола Ристовски. Овој млад алтернативен бенд е формиран во 2024та година, и нивниот звук, кој самите го дефинираат како „носталгична рефлексија на градот“, е всушност логичен след и продолжување на звукот кој го етаблираат бендовите Луфтанза и Vagina Corporation. Големата Вода до сега имаат реализирано многу настапи, меѓу кои на фестивалите Сепак се врти, Расплет, Андерфест, ПИН Конференција и Imagine – младинскиот “battle of the bands“ кој се одржа во денсинг салата на МКЦ. Пред точно еден месец го објавија својот прв истоимен албум во издание на Мртов Коњ и го промовираа концертно во Котур на 25ти февруари. Еден ден пред тоа го објавија и својот втор спот за песната „Денот на медот“, за кој, како и за нивниот прв спот за песната „Има или нема“ се заслужни пред се самите, со помош од Матеја Васојевиќ – Васо.