Луфтанза е пост панк бенд од Скопје формиран во 2020, а се состои од Иво Николовски, Андреј Димовски, Лука Јованоски, Виктор Стојановски, Раде Биковски и Мартин Џорлев. Нивната музика се базира на пост панк звук со силни примеси на нео-психоделија, а во последно време и поекспериментален звук кој влече од прог и арт рок. Во 2021 го издаваат својот прв албум насловен Демо тејп 1, кој освен на дигиталните платформи, беше објавен и на аудио касета. Неколку месеци подоцна, Луфтанза го издаваат и Демо тејп 2, подоцна и ЕПто Мировна тегла, а во текот на 2022 излегува нивниот трети Лонг плеј албум насловен Давор, издаден преку ПМГ. Членовите на Луфтанза се исто така и едни од основачите на колективот Гола Планина, кој се залага за промоција на новата македонска алтернативна музика. До сега имаат остварено голем број настапи низ повеќе градови меѓу кои Скопје, Битола, Прилеп, … а во текот на 2022 ја имаат и својата прва турнеја во регионот, со настапи во Белград, Нови Сад, Зрењанин, Будимпешта, Загреб и Љубљана. Песната „Триеме“ е последна песна на новиот албум кој е снимен и миксан од страна на басистот Раде Биковски заедно со Ален Хаџи Стефанов, а мастериран е од страна на Ивица Јанкуловски – Штраф.