„О, Убавче“ е проект на Мартин Џорлев и Лила Мирчевска. До сега, под ова име, тие ги имаат објавено песните Дерма и Прошетка. Моментално Мартин е студент на програмата за Филозофија, додека Лила студира на програмата за Психологија на Филозофскиот Факултет во Скопје. Ова е музичкото деби на Лила додека Мартин објавува своја музика веќе три години. Освен во „О Убавче“ соработуваат и на дел од материјалот на соло проектот на Мартин –„Стој. После“. Текстот е песна на Лила која заедно ја прилагодуваат, а песната е снимена во собата на Мартин. Самиот го прави и миксот, а Раде Биковски мастерот. Дерма, која е во контраст со Прошетка, со својот уникатен звук пренесува сирова емоција, агресивна и бунтовна, но истовремено зрела и интроспективна, лутина која не сака да биде ниту скротена, ниту деструктивна, ниту себедеструктивна. Моментално немаат конкретна најава за издание, бидејќи како што велат самите, креативниот процес на овој проект се одвива многустихијно.