ЕП-то Sleep Studies е првото соло издание на пијанистот Петар Пепи Лукиќ, издаден под алијасот Luke Itch. Лукиќ до сега соработувал со огромен број муичари и членува во голем број состави кои припаѓаат на различни жанрови како: Crimson Sunrise, Јаболко за Даскалот, Brahma Trio, 3Ject, Off Ground Ensemble, Foolish Green и многу други. Овој самостоен музички проект претставува музичко истражување на можностите и експресивниот потенцијал на електронските и акустични инструменти со клавијатура, користејќи ги рамноправно и на креативни начини, со што Пепи успева да добие уникатни бои и ефекти. ЕП-то е дигитално издадено на 22.02.2022 и се состои од 6 инструментални композиции во продукција на Иван Петровски додека кавер артот на изданието е на Нина Симова.