Ата е Атанасија Гулевска, студентка напрограмата за историја на уметност. Пред речиси една година Ата ја објавува својата прва песна „Лакримариум“, а два месеци подоцна и траката „Допир/Средба“. Нејзината музика припаѓа на колдвејв и пост панк звукот. Ата е омплетно солистички проект до сега, каде Гулевска е автор на текстот, автор и изведувач на музиката, самата е продуцент, како и автор на спотот, правен со royalty free видеа. ‘Лакримариум’ е снимена во нејзината соба, а самиот збор претставува сад за собирање солзи.Моментално Ата соработува со Раде Биковски, Марко Печеновиќ, Андреја Салпе и Огнен Златанов со кои работи на својот нов материјал.