5. Sattva

“Foolish Green” е психоделичен рок бенд од Скопје формиран од страна на Ненад Стефаноски – Брус во 2010 година. Првиот сингл Lover doll излегува во 2012, а со тоа го најавуваат и деби албумот Escape кој излезе во 2013. По неколку промени во поставата на бендот, Ненад формира нова постава со Ади Имери на гитара, Драган Стојковски на бас, Александар Ванчовски џигер на тапани и Пепи Лукиќ на клавијатури, со кои што, после подолга пауза го издава вториот албум насловен Soul Revival. Албумот беше објавен на 27 мај 2022 на сите стриминг платформи. 5тата композиција, насловена “Sattva”, е динамична игра помеѓу влијанија од брит поп, индиска рага и блуз рок шафл.