Sexy Marsa е уметничкото име на ФилипСамарџиев – хип хоп артист од Скопје. Во 2019-та година го издава своето ЕП „Марсупилами“ во продукција на МВРСВР, на кој има многу соработки со други артисти како Матеј Фолц и Донплеја. Музичката кариера ја започнува во 2016 со извесен ремикс на Цеца – Trepni , како реакција на трап и хип хоп елементите во нејзиниот тогашен актуелен албум. Павлина е сингл од неговиот албум ЕТ, објавен во мај годинава, во продукција на 5R и Gloomie (микс/мастер), објавена и со спот во продукција на Cherry Canon Creative Studios.