„Сепак се врти“, НУ Центар за култура „Григор Прличев”, Охрид, 02.05.2026

Стихот „сепак се врти” од песната „Dynamo” од Алембик го инспирираше името на овој фестивал и со тоа даде жар во првиот удар на топката.

Алембик се Виктор Танасковски (електрична и акустична гитара, бас, мандола, вокал и кларинет), Ива Дамјановски (клавијатури, вокал, теремин), Драган Теодосиев (тапани) и Андреа Мирческа (бас и контрабас). Во нивното музичко изразување се преплетуваат традиционални мотиви со современи електронски елементи, создавајќи атмосфера што е истовремено древна и футуристичка.

Алхемијата на различни инструменти и впечатливиот звук на тереминот и волшебните вокали по коишто се најпознати перфектно се вклопуваат со несекојдневните ритми и гитарски текстури, создавајќи хипнотички звучен пејзаж.

Нивната музика не е само за слушање, таа е искуство што се чувствува. „Сепак се врти” е плод на љубовта и трудот на многу луѓе кои напорно работат да го доближат тоа искуство до вас.

Топката е во игра, а теренот е НУ Центар за култура „Григор Прличев” во Охрид на 2ри Мај (02.05.2026).
Подавајте си убава енергија, комуницирајте, викајте и радувајте се, а и ние со вас ќе пробиеме пат до голот.

Се гледаме!

Date
May 02 2026
Expired!
Time
All Day
Location
Location Name